ИНФОРМАЦИЈАТА ЗА НАЈДОБАР ЕСЕЈ И НАЈДОБАР СТУДЕНТ
Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје распишува
КОНКУРС
ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НАГРАДА ЗА НАЈДОБАР СТУДЕНТ
Услови за конкурирање:
- Првпат запишан како редовен студент во IV година на студии.
- Потребни документи за конкурирање:
- пријава (која може да се подигне кај техничкиот секретар Роза Толовска);
- уверение со оценки заклучно со III година или копија од индекс.
Рок на пријавување од 15.11.2017 година (среда) – до 4.12.2017 година (понеделник), до 11.00 часот.
Од Комисијата зa одбележување на празникот
КОНКУРС
Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје по повод 70 години од своето постоење презема активности со кои го одбележува овој голем јубилеј и го поврзува со чествувањето на свечениот ден на светителот Климент Охридски како наш Патронен празник. Во рамките на овие активности се објавува и Конкурс за најдобар есеј.
Темата на Конкурсот за оваа јубилејна 2017 година гласи:
* Учител – светлина која трае
* Mësuesi – drita që shëmbëllen
* Öğretmen – Daima Süren bir Işık
Право на учество на Конкурсот имаат сите студенти од сите четири години, на трите наставни јазици на кои се студира на нашиот Факултет (македонски, албански и турски јазик).
Компјутерски напишаните есеи, во плик и под шифра, треба да се достават до техничкиот секретар Роза Толовска. Докажувањето на авторството се врши со доставување втор примерок од есејот кој, освен шифрата, треба да ги содржи и податоците за авторот: име, презиме, број на индекс и студиска група. Вториот примерок од есејот, исто така, се доставува до техничкиот секретар Роза Толовска.
Конкурсот трае од 15.11. – 4.12. 2017 година.
Комисија за одбележување на Патрониот празник – 8 Декември
Скопје,
15.11.2017 г.