Информатори


————————————————-


————————————————–


Настани
  • No Events
Категории
  • Без категории
ноември 2017
П В С T П С С
« Окт    
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
27282930  
Огласна табла

УПИС на студенти со претходно завршено високо образование

ИНФОРМАЦИЈА
за реализација на Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии во учебната 2017/2018 год. на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје,  на насоките:

Одделенска настава, Предучилишно воспитание и Библиотекарство

Се соопштува дека на Педагошкиот факултет „Св.Климент Охридски“ – Скопје, можат да се запишат и кандидати кои имаат завршено високо или вишо образование на сродни факултети и виши школи, надвор од квотата најмногу 10% од редовните студенти утврдени во Конкурсот.

Рангирањето на кандидатите ќе се врши според успехот од претходно завршеното високо односно вишо образование.

Кандидатите се запишуваат со кофинансирање на студии, односно со 400 евра во денарска противвредност.

Пријавувањето на кандидатите се врши во периодот од 23.08 до 4.09.2017 година со:

  • Поднесување молба во Архивата на Факултетот;
  • Уплатница од 50 денари таксена марка;
  • Фотокопија од уверение за завршеното високо односно вишо образование.

Скопје, 22.08.2017

      Продекан за настава

                                                                   Проф. д-р Весна Макашевска

 

 

 

ИНФОРМАЦИЈА
за студентите кои ќе се пријават
за упис со претходно завршено високо или вишо образование на прв циклус студии во учебната 2017/2018 год.
на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје

Студентите кои на Педагошкиот факултет „Св.Климент Охридски“ – Скопје, ќе се пријават со претходно завршено високо или вишо образование ќе имаат интервју на 5.09.2017 година во 10.00 часот во просторија бр.102

НАПОМЕНА: Без реализирано интервју, студентите нема да може да се запишат на овој Факултет.

Скопје, 22.08.2017

Продекан за настава
Проф. д-р Весна Макашевска

 

 

 

 

Корисни линкови

_______________________ _______________________

________________________

________________________

________________________

________________________

________________________