Информатори


————————————————-


————————————————–


Настани
  • No Events
Категории
  • Без категории
мај 2018
П В С T П С С
« Апр    
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28293031  
Огласна табла

СООПШТЕНИЕ ЗА ПЕДАГОШКИОТ СТАЖ ВО ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР 2014/2015

СООПШТЕНИЕ
за педагошкиот стаж во летниот семестар
на учебната 2014/2015 година, за студентите запишани
на овој Факултет во учебната 2010/2011 година

  1. Се утврдува дека педагошкиот стаж во летниот семестар од учебната 2014/2015 година, за редовните и вонредните студенти, кои се запишале на овој Факултет во учебната 2010/2011 година, и имаат запишано летен (осми) семестар во учебната 2014/2015 година, ќе се реализира во периодот од 2.04 до 20.04.2015 година, согласно распоредот кој ќе се истакне дополнително, по завршувањето на пријавувањето на стажот.
  2. Пријавувањето за стажот ќе се врши од 16.03 до 23.03.2015 година, со поднесување на пријава во медијатеката, кај Наталија Јошева (просторија број 217).
  3. Педагошкиот стаж ќе се реализира согласно усвоеното Упатство за изведување на практична настава на студенти-идни наставници,воспитувачи и педагози, под менторство на професорите од овој Факултет, и соодветен ментор од установата каде стажот ќе се реализира.
  4. Податоците за начинот на реализација и обврските и правата кои произлегуваат од Упатството, студентите ќе ги добијат од менторот одреден од редот на професорите на овој Факултет.

 

НАПОМЕНА:Вонредните студенти и студентите кои студираат по Проектот 40/45, педагошкиот стаж ќе можат да го реализираат во (училиште-градинка), во местото каде што живеат, но како и за редовните студенти така и за вонредните студенти и студентите кои студираат по Проектот 40/45, важат истите правила, со тоа што покрај пријавувањето и пополнувањето на пријавата за стажот во просторија 217, задолжително треба да ја подигнат и потврдата која треба да ја достават во (училиште-градинка),односно таму каде ќе го реализираат педагошкиот стаж, во која ќе им биде уредно пополнета и заверена од соодветната Установа.

 

Скопје, 3.03.2015 година                                                                                  Продекан за настава

Проф. д-р Емиљ Сулејмани

Корисни линкови

_______________________

_______________________ _______________________

________________________

________________________

________________________

________________________

________________________